Thursday, October 4, 2012

Чиста вода - Подобро Здравје

Дали доколку пиеш планинска вода или изворска вода имаш чувство како ти се дуе стомакот и ти го превртува желудникот? Се разбира дека НЕ.....

Присетисе на чувството кога пиеш лесна, ладна, бистра планинска вода. Една чаша како да не ја осе
ќаш, уште една и уште една...

Со секој збор, со кој се повеќе се откриваш себеси, стануваш се посвесен, како до поздрав живот. За првпат ти си во состојба да го контролираш твоето здравје.

Од овој момент без разлика што и да мислиш за водата, фокусирај се да пиеш само врвно прочистена ВОДА.

Wednesday, October 3, 2012

Што се случува кога во водата има присуство на отрови

Кога во водата има присуство на отрови, хемикалии или други растворени супстанции, мозокот го намалува внесувањето на вода што е можно помалку, односно, ги потиснува сигналите на жед. И повторно доаѓа состојба на недоволно внесување на вода



А зошто?

Затоа што не е ЧИСТА

Заради тоа можеш да пиеш, а да чувствуваш како да голташ камења, една чаша ти го дуе стомакот и ти го превртува желудникот. Секој пат кога пиеш непрочистена вода веќе можеш да почувствуваш тегоба и киселини.

ШТО ДА ПИЕТЕ ЗА ДА НЕ СТЕ НАДУВАНИ ПО ЈАДЕЊЕ – ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ

Практично секој жител на планетата, има извесни тегоби во работата на дигестивниот тракт. Многу значајна улога во настанувањето на болести во системот за варење, игра течнос
та која секојдневно ја внесуваме во организмот.


Колку треба да пиеме?
Во нормални услови, со просечно губење на вода од приближно 12 чаши, тоа се 2 – 3.5 литри, треба да се внесе иста количина на течности во организмот. Меѓутоа, тоа не значи дека дневно треба да пиеме по 3 литри вода. Поголем дел од намирниците содржат вода. Заедно со храната во организмот, внесуваме просечно уште четири чаши вода.

Што да пиеме?
Пред се`, обична вода. Меѓутоа, нашата вода има неколку недостатоци. Како прво, хлорирана е, а за да се отстрани хлорот, треба да се држи водата 2-3 часа во сад без капак. Второ, водата од чешма содржи некои хемиски супстанци, кои во неа доспеваат од старите водоводни цевки.

Црниот чај - го зајакнува централниот нервен систем, срцето и крвните садови, го подобрува варењето, допринесува за подобра апсорпција на храната, ја забрзува размената на материи, добра е против поспаност, умор и главоболка.

Зелениот чај – има дури и лековити својства. Лечи тровење и пролив, ги чува забите од кариес, го зголемува тонусот на органите за варење, а со тоа ја подобрува и апсорпцијата на храна.

Освен вода и чај, се препорачуваат и сокови – од зеленчук, овошје и билки. Соковите не треба да се пијат за време на јадење или веднаш по оброкот. Ако соковите не се многу кисели или се нормално кисели, се пијат од 30-40 минути пред јадење, а ако имаат поголема киселост, подобри да се пијат неколку часа по јадењето.

За подготовка на овие напитоци се препорачува да се користи исклучиво чиста вода за да ги почувствувате благодетите на истите.

Со голема количина на чиста вода правилно распоредена во текот на денот, до лекување на многу болести!

http://mkd-news.com/vodata-priroden-lek-za-site-bolesti-tvrdi-japonskata-traditsionalna-meditsina/

Tuesday, October 2, 2012

Да претпоставиме дека некој човек не пие доволно вода. Што се случува????

Прво, мозокот ја согледува опасноста за недостаток на вода (суша ) и почнува да го активира системот за заштеда на вода.

Тоа е всушност, намалување на количината на
 вода за снабдување на помалку важните клетки. Намалување на исврлување на водата преку потење и мокрење. Намлени се единствените начини за отстранување на отрови од организмот.

Сега организмот не само што нема доволно вода туку, има и повеќе отрови кои постојано се зголемуваат и ги напаѓаат жедните клетки. Жедни војници ставени на бојното поле, да се борат против многубројната војска од отрови. Исходот од битката е предвидлив, многу ранети клетки, разорени ткива, оштетени органи. Меѓутоа за мозокот изгубената битка, не значи и изгубена војна.

Повторно тој мобилизира нови клетки од други органи, само да ја победи војската од отрови која влегла преку храната и водата.

И повторно невини жедни клетки, оставајќи ги своите органи, се послаби и послаби, одат во неповратна битка без единственото оружје ВОДАТА. Кога би имале вода и тоа чиста, многу лесно ќе ги растворат отровите и ќе ги исфрлат надвор.

Како што ја замислуваш сликата за функционирањето на твоето тело, така си се посвесен, за потребата од ВОДА.

Monday, October 1, 2012

Околу водата откривме дека постојат две зла, непиење вода и пиење нечиста вода.
Резултатот е речиси ист, oштетување на клетките, а со тоа на ткивата, а со тоа на органите.
Непиење вода воопшто или непиењето доволна количина на вода, доведува до хронична дехидрираност и сериозни нарушувања во организмот.Затоа е навистина важно за вашето здравје, е колкава количина на вода внесуваме и каква вода.


Мозокот има врвен приоритет нас сите други клетки во снабдување со вода.
Тој е во состојба да даде команда, за извлекување на вода, од било која клетка, само да не би се нарушил неговиот баланс. Замислете што му се случува на вашиот организам доколку не внесувате доволна количина на чиста вода!?

Сурово, нели ?