Monday, November 5, 2012

Чиста Вода


 – Без водата нема живот. Таа ги транспортира хранливите состојки низ организмот, на одреден начин ја регулира телесната функција, работата на поединечни органи и организмот во целина, ги елиминира штетните состојки и ја одржува т
елесната температура. Без доволно вода, чувствуваме умор и главоболка, а недостатокот на вода, особено е видлив на кожата. Водата ја одржува нашата кожа мека, еластична и пред сé, млада.

Со оглед дека секојдневно со процесот на дишење и потење, лачиме околу три литри течности, од голема важност е истите непрестано да се надоместуваат. Така, треба да се води сметка дека не смееме да се ориентираме само спрема појавата на жед, бидејќи тогаш, нашата потреба е значително нарушена. Едноставно, постојано треба да ја пиеме оваа течност и во двојни количества и пред да се појави потребата, а што е најважно таа треба да биде чиста, затоа што само со чиста вода до поздрав и подолг живот.

No comments:

Post a Comment