Saturday, September 22, 2012

Озонот како средство за дезинфекција во текот на производството на вино

Озонот би можел да се користи како средство за дезинфекција во текот на производството на вино, кое не доведува до иритации кои предизвикуваат астматични напади. Грозјетно кое масовно се произведува се чува складирано по неколку месеци во п
рисуство на мали количества сулфур диоксид за да му се продолжи рокот на траење. На ваков начин складираното грозје не се користи за производство на вино, но во текот на производството на виното извесни количества суфити се додаваат за да се зголеми рокот на траење на финалниот производ.

Неодамна Francisco Artes и соработниците од Technical University of Cartagena во Шпанија, и од Research Group on Quality, Safety and Bioactivity of Plant Foods во Murcia, се обиделе да ја споредат ефикасноста на претходно опишаната метода за конзервирање со други методи. Меѓу другото, тие утврдиле дека со користење на озон за оваа намена ја има 90% од ефикасноста на сулфур диоксидот, но за разлика од сулфир диоксидот третманот на грозјето со озон овозможува формирање на до четири пати повеќе антиоксиданси во споредба со класично третираното грозје.

Доколку предложената постапка може да се адаптира за масовна употреба при производството на вино, зголемувањето на количеството на антиоксиданси би можело да биде движечка во замената на користењето на методите базирани на сулфур.

Озонот својата примена ја наоѓа од припрема на питка вода преку индустријата до дезинфекција на базенска вода.

No comments:

Post a Comment