Wednesday, September 26, 2012

Реките полни со фекалии воздухот со чад

Kвалитетот на водите во Скопје и во околината е на незавидно ниво, најмногу поради испуштањето на отпадните води, кои не се прочистуваат. 

Реката Треска има квалитет од втора класа. Кога влегува во
Македонија, Лепенец е со квалитет од втора, пред вливот во Вардар постојано е со вредности од трета, а преку лето и од четврта класа. Најлоша е состојбата со Вардар, која кај Радуша е почиста, но по приемот на комуналните и индустриските води кај Таор, постојано е со вредности од четврта, а преку лето од петта или вон класа. Во најголемата река секој ден се испуштаат по 90.000 кубни метри фекална вода.

- На мерното место кај Таор по површината на Вардар често пливаат отпадоци од фекално потекло, има мрсни дамки, водата постојано е заматена и мириса на гнилеж.

Речиси сите хемиски и бактериолошки анализи што биле направени на реките биле неисправни, а секогаш во водите се регистрирало присуство на фекалии од органско потекло. Во извештајот се вели дека во последните години не се врши систематско испитување на квалитетот на подземните води.

Извадок од дневниот весник Дневник (25.01.2007)

No comments:

Post a Comment