Friday, August 31, 2012

Зошто е неопходно да има филтер за прочистување на водата во секој дом ?

Околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода. Од вкупниот износ на вода на Земјата, само 3% е свежа вода (97% од морето), од кои само 1/3 вода е во течна сос
тојба (другите две третини се замрзнати на половите на Земјата). Така, само околу 1% од вкупниот износ на вода на Земјата денес е условно достапена за пиење. Бидејќи ова е една третина од водата е толку загадена што не е употреблива за пиење, а другата е недостапена. Значи конечно доаѓаме до количини на помалку од 0,25% од вкупниот број вода, што е привремено употреблива и достапна за пиење.
Сепак, се верува, за жал, дека повеќето од оваа вода за пиење моментално е многу загадена (а со тоа и опасна за здравјето) во природните бунари, или пост-обработка, или дистрибуција, а повеќето и се заедно.

Дали мислите дека Вие се наоѓате во тие 0,25% од вкупната количина на безбедна вода !?

Wednesday, August 29, 2012

„Оловото во водата за пиење е закана број еден од околината за здравјето на децата“ Американска Агенција за Заштита на Околината “ЕПА“

Веднаш после хлорот, оловото е највообичаениот загадувач откриен во водата од славина. Оловото во водата за пиење обично се создава на патот кој водата го поминува додека да пристигне во домаќинствата, што значи третманот во филтерската станица не е логичен ниту
 практичен. Најмногу олово доаѓа од оловните цевки, оловните споеви на цевките и од бакарните уреди во нашите домови. Сите хромирани превлаки на месинг и бакарни уреди содржат од 8% до 15% олово.
Американската Агенција за Заштита на Околината“ЕПА” пресмета дека 98% од домаќинствата имаат цевки, уреди или приклучни места кој можат да испуштаат одредено количество на олово во водата од чешма.
Од “ЕПА“ е откриено и препознаено дека не постои безбедна количина на олово во водата за пиење. И било кое ниво има штетно дејство на здравјето, посебно кај малите деца.
Дури и мало ниво на олово предизвикува намален коефициент на интелигенција‚ тешкотии при учењето и проблеми во однесувањето како што е хипертензија и намалена коцентрација кај децата. Често овие ефекти се долготрајни и неповратни.

Поради кои причини се користи прочистување на водите!?

Од здраствени причини - Ако сакаме да се ослободиме од присутните разсни бактерии, вируси, алги и други соединенија кои најчесто ги има во водата од славина.
 Од естецки причини - Одстранување на непријатен мирис, вкус и матност.
 Од економски причини - Заштеда на долг рок .

Здравјето се чува додека го имаме, кога ќе го изгубиме касно е веќе!

НОВО во Бентен - Пан!

Едностепенски, двостепенски, и тростепенски филтерски систем за под садопер со чешмичка.

Одстранува : хлор, песок, кал, вкусови мириси и други штетни хемикалии. 

И незаборавајте, половината од болестите во текот на животот ги внесуваме преку уста.

Saturday, August 25, 2012

Од што се состои Реверзно Осмозниот Систем

http://youtu.be/GqfJCX1o5Xk

Омекнатата вода штеди!


Намалувањето на тврдината на водата има значително поголем 
ефект при отстранувањето на дамки, во однос на зголемувањето на 
температурата или зголемување на количината на детергент.

• Заштедата на детергенти и енергијата потребна за да с
е загрее водата е многу висока
при отстранување на секаков вид на дамки. Дури и при употреба на 50 % детергент од
препорачаната доза од производителот, при ниски температури од 15 °С наместо на 40
°С се добиваат многу подобри резултати кога се користи омекната вода во споредба со
употреба на тврда вода при теммпература од 40 °С и количина на детергент
препорачани од производителот.


• Перформансите на отстранување на дамки  драматично се зголемуваат со омекнување
на водата дури и кога дозата на детергент и температурата се намалени. Во зависност од
видот на дамките, омекнувањето на водата има 100 пати поголема ефикасност при
отстранување на дамки отколку зголемувањето на температурата или пак зголемувањето
на количината на детергент.

Кажи ДА за чиста филтрирана вода!

Чистата вода во тело е извор на важни минерали и електролити. Нема енергетска вредност, го ослободува телото од штетни материи, ја регулира температурата на телото, го олеснува варењето, и ја задржува кожа здрава и убава. Внесот на чиста вода треба да се зголеми во потоплите месеци кога сме физички активни. Бремени жени, доилки, деца и постари луѓе мора да бидат особено внимателни на доволно за довод на чиста вода.


Само со чиста вода до подолг и поздрав живот.














































Wednesday, August 22, 2012

Бенефити од користење на омекната водa

Бојлери со Електрични Греачи

• Секои 5 °dH тврдина на вода годишно предизвикуваат 0,25 kg наслаги од каменец во
бојлерот .
• Животниот век на греачот се скратува пропороционално со зголемување работна
температура на греачот и зголемување на тврдината на водата.

Издувни Гасови
- Издувните гасови се зголемуваат до 18% , кај бојлери со греење на природен гас при
загревање на вода со тврдина од 25 °dH во период од 15 години, споредбено со
загревање на вода со тврдина од 0 °dH.
- Кај проточни бојлери со греење на природен гас издувните гасови се зголемуваат до
4% при загревање на вода со тврдина од 25 °dH во период од 15 години, споредбено со
загревање на вода со тврдина од 0 °dH.

Тушеви и Распрскувачи
- Со мека вода – Тушевите и славините имаат одличен сјај и нема намалување на
протокот.
- Со тврда вода – Тушевите при користење на тврда вода можат да загубат до 75% од
протокот за период помал од 18 месеци. Дамки од бигор на славините се појавуваат за
период од 19 дена.

Saturday, August 18, 2012

Бенефити од користење на омекната вода


Бојлери со Греачи на Природен Гас
 Со употреба на омекната вода
Овој вид на бојлери кои работат со омекната вода ја задржуваат својата
фабричка ефикасност повеќе од 15 години.
 Со употреба на тврда вода
Тврдата вода придонесува за губиток на ефикасноста на бојлерите до 24 %.
Секои 5 °dH тврдина на вода предизвикуваат 4% загуба на ефикасноста и 4%
зголемена потрошувачка на гас, при загревање на 180 литри вода дневно. ( При
користење на вода со тврдина  од 20 °dH и загревање на 180 литри вода дневно
има загуба на енергија од 20 %)

Проточни Бојлери
 Економските заштеди од користење на омекната вода кај проточните
бојлери можат да доведат до поврат на средствата инвестирани во
омекнувач како и неговите годишни оперативни трошоци за период
помал од една година, доколку влезната вода е со средна тврдина.
 Со користење на мека вода
Проточните болјери со кои се загрева омекната вода ја задржуваат својата
фабричка ефикасност повеќе од 15 години.
 Со користење на тврда вода
Греачите кај проточните бојлери комплетно откажуваат за период од 1,6 години,
при загревање на вода со тврдина од 25 °dH.
Омекнатата вода заштедува 40% од трошоците споредено со употреба на вода
со тврдина од 18 °dH,  или заштеда од 57% споредбено со употреба на вода со тврдина од 28 ° dH.

Friday, August 17, 2012

Улогата на филтрираната водата во третманот за губење килограми

Ако сакате да ослабете, не е неопходно, а и не е препорачливо да држите ригорозни диети. За почеток доволно ќе биде да преминете на некој облик на урамнотежена исхрана.
Дебелината сама по себе не е болест, но е ризи

к фактор за настанување на болестите на срцето, крвните садови, за шеќерната болест, за камен во жолчката, болки во зглобовите и многу други здравствени пореметувања.
Затоа доколку имате потреба од намалување на телесната тежина започнете нешто ново, нешто здраво, но не наеднаш туку постепено. Спремете го вашето тело психички и физички за подолготраен третман базиран на здрава исхрана.
- Водата е многу важна за одржување на нормалната телесна тежина. Мора да пиеме многу вода. многу често ние ги мешаме чувството за глад и жед, па јадеме не кога сме гладни, туку и кога сме жедни. Тоа е една од причините поради која луѓето се дебелат. Ако наутро се напиеме една до две чаши чиста вода, и по две чаши вода пола саат пред секој оброк и два саата после оброкот, тоа ќе ни помогне да не претеруваме со храната и да не се дебелиме.

Ако секојдневно се храните на здрав начин, земате многу овошје и зеленчук, пиете доволно чиста вода и ако сте физички активни, тогаш мали се шансите да бидете дебели...
Секако пред да почнете било каква диета прво консултирајте се со стручно лице






Труење на водата за пиење може да се случи и со вода која е обработена.

Труење на водата за пиење може да се случи и со вода која е обработена. Водата која што доаѓа од грацкиот водовод, содржи големо количество на олово и други тешки метали како и азбест кој е растворлив во вода.Знаејќи дека половината од цевк
ите се азсбестни со оловни спојки. Тешки метали растворени во вода предизвикуваат тешко труење. Состојба на квалитетот на водата се должи на многу фактори кои влијаат, фактори кои од ден на ден чистата вода ја прават се позагадена.

Водата може да содржи голем број на патогени (бактерии, вируси, паразити), разни токсични хемикалии, разни загадувачи, радиоактивни материи, може да има лош вкус и изглед.Сите овие загадувачи можат трајно да му наштетат на вашиот организам или да бидат потикнуваши на разни болести кои можат да бидат фатални за вашето здравје

Омекнувачи на вода

Водата постојано сиркулира во прирородата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во фомра на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосверата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата нис цевководот минералите присутни во водата ( соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење  на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намаливање на дијаметарот на цевките, затнување и намаливање на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажнувачи, апарати за кафе и сл.
Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работата на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира. Се регенерира со помош на таблетирана сол.

Thursday, August 16, 2012

Дозирни станици ( дозирани пумпи )

Секој тип на дозирање, наједноставно и најпрецизно се врши со поставување на автомацки дозирен систем. Дозирните системи се прилагодени за дозирање на хемикалии потребни за третман на вода која влегува во разладните системи, парни котли и реверзна осмоза. Се користат и за различни други процеси во кои користење на хемикалии се контролира и квалитетот на водата.


Со цел да се зголеми точноста како и за оптимизација на потошувачката на хемикалии, уредот најчесто се поврзува на импулсниот водомер или дозирањето се врши врз основа на мерење на одредени супстанции во водата.

Озон - Уред да дезинфекција на вода

Покрај хлор и хлор диоксид како најчесто оксидациско средтство за третман на вода се користи озон. Озонот обезбедува широк спектар на апликации. При дезинфекција на водата отсранува бактерии, вируси, габи и паразити. Се применува и за оксидација на неоргански супстанции како што се железо, манган, арсен, нитрити и сулфити. Оксидира органски супстанции и на тој начин го одстранува непријатниот мирис, вкусот и бојата на водата. Исто така оксидира и циклични јаглеводороди , трихалометани, хлорамини и други деривати на хлорорт.
После оксидација со озон, супстанциите и честичките растворени во водата стануваат нерастворливи и да можат да се отфилтрираат.
Предноста на озонотза ралика од останатите средства за дезинфекција и оксидација е что не дава опасни нуспродукти. Бидејќи озонот е високо реактивен, се произведува на самото место и веднач се дозира во водата без складирање. Во водата преминува во кислород со полу-живот од неколку минути.

Озонот својата примена ја наоѓа од припрема на питка вода преку индустријата до дезинфекција на базенска вода. 






















Wednesday, August 15, 2012

Водата во домовите е толку чиста, колку што е чиста околината!

Водата е толку чиста, колку што е чиста околината

Филтер за туширање.


Супер изнадување!
Намалена е цената на филтерот за туширање, кој можете да го добиете веќе за цена од 1850 денари.
Одстранува : хлор, хлороформ, вкусови, мириси и други штетни хемикалии кои што можат трајно да ја оштетат вашата кожа и коса, а посебно кај најранливата група, децата.
Инвестирајте во вашето здравје додека го имате, кога ќе го изгубите касно е веќе!








Дали пиете доволно чиста вода


Се соочуваме со период на енормно високи температури и медиумите веќе звучат како расипани плочи - нон-стоп не’ потсетуваат дека треба да се одржуваме хидрирани со тоа што ќе пиеме големи количества вода! Оваа порака е важна, не само во периоди на жештина, туку во текот на целата година, бидејќи водата служи за поддршка на многу витални функции на телото.
Како да дознаете дали доволно пиете вода?
Ако сте од оние луѓе кои редовно водат сметка за тоа колку вода пијат, сигурно веќе знаете. Но постојат повеќе индикатори за тоа.
Устата ви е сува.
Ова е очигледно - ако чувствувате жед, тоа е поради недовонло внесување течности. Точно, меѓутоа имајте предвид дека механизмот за жед на вашето тело не се „вклучува“ се’ додека комплетно не се „исушите“, што е една од причините зошто спортистите, особено, пијат вода по распоред. Исто така, како старееме, алармот за жед, како и се’ друго, ослабува и затоа е важно да се воспостави навика за пиење вода уште во младоста.
Урината ви е темна.
Кога телото ви е добро хидрирано можете да познаете по бојата на вашата урина. Ако е прилично светла и бистра (доволно да можете да читате низ неа :) ), тогаш сте во ред. Доколку не внесувате доволо чиста вода, вашата урина е поконцентрирана, и оттаму потемна. За да упростиме, замислете си вака - вашата урина треба да изгледа како „лимонада’, а не како „сок од јаболко“. :)
Имате опстипација.
Правилните движења на цревата се поткрепени со соодветни течности, што значи дека доколку имате запек, голема е веројатноста дека не пиете доволно чиста вода. Повеќето луѓе се уверени дека растителните влакна се битен фактор за правилна работа на дигестивниот тракт. Но за тие растителни влакна да можат да си ја завршат својата работа, треба да упијат чиста вода за да набабрат, со што создаваат чувство на ситост и помагаат во празнењето на цревата.
Имате проблеми со здивот.
Кога ви се суши устата, помалку се создава плунка која треба да ги исчисти бактериите кои природно си се создаваат таму. И како што тие бактерии се хранат со трагите од храна и кожните клетки, тие се множат и го прават здивот „бајат“ (помислете си на „утрински здив“). Во овој случај водата ја помага работата на плунковните жлезди и ја распоредува плунката.
Не се чувствувате добро при вежбање.
 Чистата Вода игра критична улога во процесот на создавање енергија со која се хранат мускулите при вежбање. Кога не сте хидрирани, можете да ја почувствувате енергијата како ви бега. Затоа е важно да се внесуваат течности пред и за време на физичката активност.
Сакате да ја зголемите количината вода што ја пиете, но немате навика?
Постојат неколку едноставни начини во ова време на технологија со чија помош можете брзо и едноставно да стекнете навика за пиење вода! Човечкото тело може одеднаш да прими само една шака вода; остатокот оди или во зглобовите или дирекно во бешиката, а знаеме што значи тоа! Ставете си потсетник во мобилниот или на рачниот часовник кој на секои 15тина минути ќе ве потсетува да се напиете по некоја голтка вода! Така ќе се одржите хидрирани без да морате пречесто да го посетувате тоалетот. Доколку сте склони кон отекување во зглобовите, зголемете го внесот на храна богата со растителни влакна (пченка, бадеми, јаболка/круши, овес, интегрални тестенини и леб). Тие ќе набабрат во цревата, со што ќе ви помогнат за да се прочистите, а сепак ќе се одржите хидрирани во текот на денот.






Tuesday, August 14, 2012

Дезинфекција на вода со ХЛОР ДИОКСИД

Хлор диоксид е силен дезифициенс за отстранување на мирисот од водата. Во однос на хлорот има далеку подобри дезинфекциски својства, има поголем оксидациско редукциски потенцијал и може да разградува ор
гански супстанции и вируси кои хлорорт неможе. Важно е да се истакне дека за разлика од хлорот, хлорот диоксид не создава трихалометани, на неговата активност не влијае порастот на pH вредноста и не раегира со амониакот кој со хлорорт создаваат хлорамини. Хлорот диоксид оксидира феноли, алги во супстанции кои не влијаат на вкусот на водата.


Предноста на хлорорт диоксид, меѓу останатите, е што долго време се задржува во водата како остаток и на тој начин водата во цевките и резервоарите подолго време останува заштитена од бактериолошко загадување.

Monday, August 13, 2012

ГАСНИ ХЛОРАТОРИ

Гасниот Хлоратор со децении е доминантно средство за дезинфекција на питка вода. Како финансиски најисплатлив дезифициенс, гасниот хлорато се испорачува во гасовита или течна состојба, спакуван во цилиндри ( боци ) или конт
ејнери.Вакумските дозери на гас V10k, и покрај тоа што најмногу се користат за дозирање на хлор во снабдувањето со вода, можат да се користат и за дозирање на јаглерод диоксид (CO2 ), за намалување на pH, за стабилизација на тврдината на питката вода. Исто така соодветни се за дозирање на сулфур диоксид ( SO2 ), дехлорирање и за дозирање на амониак ( NH3 )






Saturday, August 11, 2012

Кантер Топ филтер

Намалена цената на Кантер топ филтерот. Може да го добиете веќе за цена од 2490,00 мкд.

Се монтира директно на самата славина. Кантер Топ филтерот представувам едностепенски филтерски систем за прочистување на водата. Отсранува: хлор, кал, песок, рѓа, вкусови, мириси и други штетни хемикалии.

Инвестирајте во вашето здравје затоа што само со чиста вода до поздрав и подолг живот.

Friday, August 10, 2012

Зошто филтри за вода?

Едноставно затоа што за сопственото здравје сме одговорни само ние.

Во нашето тело постојат филтри (бубрезите), кои ја прочистуваат крвта и ги одвојуваат одделените штетни материи кои се исфрлуваат преку мокрење (ури
на), па како тогаш е можно во телото да внесуваме само здрава, а не штетна/отровна храна или пијалок.

Водата која ни ја доставуваат јавните или приватните претпријатија не може да биде почиста од околината во која живееме.

Кога ќе видите како едноставно изгледа 5 микронски филтер за вода по употреба од 3 месеци , ќе бидете убедени дека употребата на филтри за прочистување на вода е повеќе од потребно.










Флашираната вода е здрава и чиста??!!

http://mkd-news.com/plastichnite-shishina-za-voda-se-otrovni/

Дезинфекција на вода

Дезинфекција на вода подразбира уништување на патогени микроорганизми и може да се врши по хемиски и физички пат.Средствата за дезинфекција исто така ги отстрануваат и органиските загадувања кои им служат како храна ил
и како заштита на микроорганизмите . Средствата за дезинфекција освен уништување на микроорганизмите мора да имаат и остаток кој обезбедува да водата и после дезинфекција биде сигурна. Нјчести хемиски средства кои се користат за дезинфекција се: хлор, хлор диоксид, озон, и водороден пероксид. Физичката дезинфекција најчесто подразбира дезинфекција со УВ светлина.

Thursday, August 9, 2012

-Шестстепен Реверзно Осмозен Систем


'-Шестстепен Реверзно Осмозен Систем со минерална капсула за под садопер - филтрација 0,0001 микрон и збогатување на чистата вода со најнеопходните минерали потребни за здрав развој.
(пумпа за места со слаб притисок)
-отстранува: хлор, бигор, азбест, ураниум, хром, олово, бакар, жива и други тешки загадувачи ...
карактеристики:
Р.О мембрана 189 литри/ден
Работен притисок: 2,5 - 5 бари
димензии (cm) 37 (L) x 48(H)  x 14 (W) - систем
                (cm) 28 (L) x 28(W) x 35 (H)- резервоар
тежина: 9 kg - систем
             4 kg- резервоар


Инвестирајте во вашето здравје додека го имате , кога ќе го изгубите касно е веќе.
Само со чиста вода до поздрав и посреќен живот.













Wednesday, August 8, 2012

Реверзно осмозен систем

'-Основен модел Петостепен Реверзно Осмозен Систем за под садопер - филтрација 0,0001 микрон 
-отстранува: хлор, бигор, азбест, ураниум, хром, олово, бакар, жива и други тешки загадувачи ...
карактеристики:
Р.О мембрана 189 литри/ден
Работе
н притисок: 2,5 - 5 бари
димензии (cm) 37 (L) x 45(H) x 14 (W) - систем
(cm) 28 (L) x 28(W) x 35 (H)- резервоар
тежина: 8 kg - систем
4 kg- резервоар




Некогаш ќе му бидете благодарни на овој систем за прочистување на водата по пат на реверзна осмоза. Инвестирајте во вашето здравје додека го имате. 

Monday, August 6, 2012

Како да се " носите " со ракот според Џон Хопкинс?

Прочитајте го  ова

Не користете пластична амбалажа
Не замрзнувајте вода во пластични шишиња
Не користете пластични садови во микробранова рерна
Џон Хопкинс говори и за кемискиот елемент Диоксин кој предивикува рак, посебно на дојката.

Диоксинот е високо токсичен за клетките на нашиот организам. Затоа не замрзнувајте вода во пластични шишиња бидејќи на тој начин диоксинот се ослободува од пластиката. Неодамна доктор Едвард Фуџимото, велнес менаџер во болницата „Замок„ на една телевизиска емисија говорел и за здравствените ризици. Исто така говорел и за диоксинот и неговото штетно делување на луѓето. Рекол дека не смееме да ја загреваме храната во пластични садови во микробранова рерна. Ова особено се однесува на храната која содржи маснотии. Тој наведува дека комбинацијата на маснотии, висока температура и пластика ослободува диоксин кој продира во храната и на крајот во клетките на организмот.

Наместо пластика тој препорачува употреба на стаклени садови, како што е огноотпорното, пирекс или керамика, кои не содржат диоксин. Значи, храната која е пакувана во пластика мора да се извади и подгрее во нешто друго.

Хартијата може да се користи но само ако знаете од што е изработена. Сепак е најсигурно да се користи огноотпорно стакло.

Дезинфекција на вода со УВ - зраци

Дезинфекцијата на вода со УВ- зраци економски е прифатлива, веродостојна и лесна за употреба.
Предностите на УВ зрачењето пред другите конкурентни уреди се: да не репродуцира вкус, мирис или боја; не ја менува pH-вредноста на водата; не се 
потребни хемикалии; лесно се инсталира и употребува, па затоа трошоците за раотна сила се исклучителчно ниски во споредба со конкуретните уреди.
УВ-Ц светлината која ја произведуваат Barrier системите го иништува репродукцискиот механизам на микроорганизмите.

УВ лампите најмногу наоѓаат примена кај бинарските систе за водоснабдување, онаму каде водата е бактериолошки неисправна, кај базените, кај домаќинствата итн.

Конзумирајте чиста вода и губете ги килограмите бес проблем.

Чистата Вода е наједноставниот, најприродниот и најевтиниот напиток кој телото го обожава и од кое има огромна потреба. Доволната хидратација на организмот, околу 5 чаши чиста вода дневно, ја враќа енергијата и ја прави кожата поеластична и
 поблескава. Една чаша вода пред оброкот го намалува апетитот и со самото тоа ќе изедете помала количина на храна.

Она што го внесуваме во телото значително влијае на нашето расположение, изгледот и здравјето воопшто. Затоа внесувајте чиста вода и живејте здраво и долго.