Озон - Уред да дезинфекција на вода
Покрај хлор и хлор диоксид како најчесто оксидациско средтство за третман на вода се користи озон. Озонот обезбедува широк спектар на апликации. При дезинфекција на водата отсранува бактерии, вируси, габи и паразити. Се применува и за оксидација на неоргански супстанции како што се железо, манган, арсен, нитрити и сулфити. Оксидира органски супстанции и на тој начин го одстранува непријатниот мирис, вкусот и бојата на водата. Исто така оксидира и циклични јаглеводороди , трихалометани, хлорамини и други деривати на хлорорт.
После оксидација со озон, супстанциите и честичките растворени во водата стануваат нерастворливи и да можат да се отфилтрираат.
Предноста на озонотза ралика од останатите средства за дезинфекција и оксидација е что не дава опасни нуспродукти. Бидејќи озонот е високо реактивен, се произведува на самото место и веднач се дозира во водата без складирање. Во водата преминува во кислород со полу-живот од неколку минути.
Озонот својата примена ја наоѓа од припрема на питка вода преку индустријата до дезинфекција на базенска вода.
No comments:
Post a Comment