Friday, August 17, 2012

Улогата на филтрираната водата во третманот за губење килограми

Ако сакате да ослабете, не е неопходно, а и не е препорачливо да држите ригорозни диети. За почеток доволно ќе биде да преминете на некој облик на урамнотежена исхрана.
Дебелината сама по себе не е болест, но е ризи

к фактор за настанување на болестите на срцето, крвните садови, за шеќерната болест, за камен во жолчката, болки во зглобовите и многу други здравствени пореметувања.
Затоа доколку имате потреба од намалување на телесната тежина започнете нешто ново, нешто здраво, но не наеднаш туку постепено. Спремете го вашето тело психички и физички за подолготраен третман базиран на здрава исхрана.
- Водата е многу важна за одржување на нормалната телесна тежина. Мора да пиеме многу вода. многу често ние ги мешаме чувството за глад и жед, па јадеме не кога сме гладни, туку и кога сме жедни. Тоа е една од причините поради која луѓето се дебелат. Ако наутро се напиеме една до две чаши чиста вода, и по две чаши вода пола саат пред секој оброк и два саата после оброкот, тоа ќе ни помогне да не претеруваме со храната и да не се дебелиме.

Ако секојдневно се храните на здрав начин, земате многу овошје и зеленчук, пиете доволно чиста вода и ако сте физички активни, тогаш мали се шансите да бидете дебели...
Секако пред да почнете било каква диета прво консултирајте се со стручно лице






No comments:

Post a Comment