Saturday, August 25, 2012

Омекнатата вода штеди!


Намалувањето на тврдината на водата има значително поголем 
ефект при отстранувањето на дамки, во однос на зголемувањето на 
температурата или зголемување на количината на детергент.

• Заштедата на детергенти и енергијата потребна за да с
е загрее водата е многу висока
при отстранување на секаков вид на дамки. Дури и при употреба на 50 % детергент од
препорачаната доза од производителот, при ниски температури од 15 °С наместо на 40
°С се добиваат многу подобри резултати кога се користи омекната вода во споредба со
употреба на тврда вода при теммпература од 40 °С и количина на детергент
препорачани од производителот.


• Перформансите на отстранување на дамки  драматично се зголемуваат со омекнување
на водата дури и кога дозата на детергент и температурата се намалени. Во зависност од
видот на дамките, омекнувањето на водата има 100 пати поголема ефикасност при
отстранување на дамки отколку зголемувањето на температурата или пак зголемувањето
на количината на детергент.

No comments:

Post a Comment