Saturday, August 18, 2012

Бенефити од користење на омекната вода


Бојлери со Греачи на Природен Гас
 Со употреба на омекната вода
Овој вид на бојлери кои работат со омекната вода ја задржуваат својата
фабричка ефикасност повеќе од 15 години.
 Со употреба на тврда вода
Тврдата вода придонесува за губиток на ефикасноста на бојлерите до 24 %.
Секои 5 °dH тврдина на вода предизвикуваат 4% загуба на ефикасноста и 4%
зголемена потрошувачка на гас, при загревање на 180 литри вода дневно. ( При
користење на вода со тврдина  од 20 °dH и загревање на 180 литри вода дневно
има загуба на енергија од 20 %)

Проточни Бојлери
 Економските заштеди од користење на омекната вода кај проточните
бојлери можат да доведат до поврат на средствата инвестирани во
омекнувач како и неговите годишни оперативни трошоци за период
помал од една година, доколку влезната вода е со средна тврдина.
 Со користење на мека вода
Проточните болјери со кои се загрева омекната вода ја задржуваат својата
фабричка ефикасност повеќе од 15 години.
 Со користење на тврда вода
Греачите кај проточните бојлери комплетно откажуваат за период од 1,6 години,
при загревање на вода со тврдина од 25 °dH.
Омекнатата вода заштедува 40% од трошоците споредено со употреба на вода
со тврдина од 18 °dH,  или заштеда од 57% споредбено со употреба на вода со тврдина од 28 ° dH.

No comments:

Post a Comment