Wednesday, August 15, 2012

Дали пиете доволно чиста вода


Се соочуваме со период на енормно високи температури и медиумите веќе звучат како расипани плочи - нон-стоп не’ потсетуваат дека треба да се одржуваме хидрирани со тоа што ќе пиеме големи количества вода! Оваа порака е важна, не само во периоди на жештина, туку во текот на целата година, бидејќи водата служи за поддршка на многу витални функции на телото.
Како да дознаете дали доволно пиете вода?
Ако сте од оние луѓе кои редовно водат сметка за тоа колку вода пијат, сигурно веќе знаете. Но постојат повеќе индикатори за тоа.
Устата ви е сува.
Ова е очигледно - ако чувствувате жед, тоа е поради недовонло внесување течности. Точно, меѓутоа имајте предвид дека механизмот за жед на вашето тело не се „вклучува“ се’ додека комплетно не се „исушите“, што е една од причините зошто спортистите, особено, пијат вода по распоред. Исто така, како старееме, алармот за жед, како и се’ друго, ослабува и затоа е важно да се воспостави навика за пиење вода уште во младоста.
Урината ви е темна.
Кога телото ви е добро хидрирано можете да познаете по бојата на вашата урина. Ако е прилично светла и бистра (доволно да можете да читате низ неа :) ), тогаш сте во ред. Доколку не внесувате доволо чиста вода, вашата урина е поконцентрирана, и оттаму потемна. За да упростиме, замислете си вака - вашата урина треба да изгледа како „лимонада’, а не како „сок од јаболко“. :)
Имате опстипација.
Правилните движења на цревата се поткрепени со соодветни течности, што значи дека доколку имате запек, голема е веројатноста дека не пиете доволно чиста вода. Повеќето луѓе се уверени дека растителните влакна се битен фактор за правилна работа на дигестивниот тракт. Но за тие растителни влакна да можат да си ја завршат својата работа, треба да упијат чиста вода за да набабрат, со што создаваат чувство на ситост и помагаат во празнењето на цревата.
Имате проблеми со здивот.
Кога ви се суши устата, помалку се создава плунка која треба да ги исчисти бактериите кои природно си се создаваат таму. И како што тие бактерии се хранат со трагите од храна и кожните клетки, тие се множат и го прават здивот „бајат“ (помислете си на „утрински здив“). Во овој случај водата ја помага работата на плунковните жлезди и ја распоредува плунката.
Не се чувствувате добро при вежбање.
 Чистата Вода игра критична улога во процесот на создавање енергија со која се хранат мускулите при вежбање. Кога не сте хидрирани, можете да ја почувствувате енергијата како ви бега. Затоа е важно да се внесуваат течности пред и за време на физичката активност.
Сакате да ја зголемите количината вода што ја пиете, но немате навика?
Постојат неколку едноставни начини во ова време на технологија со чија помош можете брзо и едноставно да стекнете навика за пиење вода! Човечкото тело може одеднаш да прими само една шака вода; остатокот оди или во зглобовите или дирекно во бешиката, а знаеме што значи тоа! Ставете си потсетник во мобилниот или на рачниот часовник кој на секои 15тина минути ќе ве потсетува да се напиете по некоја голтка вода! Така ќе се одржите хидрирани без да морате пречесто да го посетувате тоалетот. Доколку сте склони кон отекување во зглобовите, зголемете го внесот на храна богата со растителни влакна (пченка, бадеми, јаболка/круши, овес, интегрални тестенини и леб). Тие ќе набабрат во цревата, со што ќе ви помогнат за да се прочистите, а сепак ќе се одржите хидрирани во текот на денот.






No comments:

Post a Comment