
Водата постојано сиркулира во прирородата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во фомра на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосверата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата нис цевководот минералите присутни во водата ( соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намаливање на дијаметарот на цевките, затнување и намаливање на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажнувачи, апарати за кафе и сл.
Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работата на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира. Се регенерира со помош на таблетирана сол.
No comments:
Post a Comment