Практично секој жител на планетата, има извесни тегоби во работата на дигестивниот тракт. Многу значајна улога во настанувањето на болести во системот за варење, игра течнос
та која секојдневно ја внесуваме во организмот.
Колку треба да пиеме?
Во нормални услови, со просечно губење на вода од приближно 12 чаши, тоа се 2 – 3.5 литри, треба да се внесе иста количина на течности во организмот. Меѓутоа, тоа не значи дека дневно треба да пиеме по 3 литри вода. Поголем дел од намирниците содржат вода. Заедно со храната во организмот, внесуваме просечно уште четири чаши вода.
Што да пиеме?
Пред се`, обична вода. Меѓутоа, нашата вода има неколку недостатоци. Како прво, хлорирана е, а за да се отстрани хлорот, треба да се држи водата 2-3 часа во сад без капак. Второ, водата од чешма содржи некои хемиски супстанци, кои во неа доспеваат од старите водоводни цевки.
Црниот чај - го зајакнува централниот нервен систем, срцето и крвните садови, го подобрува варењето, допринесува за подобра апсорпција на храната, ја забрзува размената на материи, добра е против поспаност, умор и главоболка.
Зелениот чај – има дури и лековити својства. Лечи тровење и пролив, ги чува забите од кариес, го зголемува тонусот на органите за варење, а со тоа ја подобрува и апсорпцијата на храна.
Освен вода и чај, се препорачуваат и сокови – од зеленчук, овошје и билки. Соковите не треба да се пијат за време на јадење или веднаш по оброкот. Ако соковите не се многу кисели или се нормално кисели, се пијат од 30-40 минути пред јадење, а ако имаат поголема киселост, подобри да се пијат неколку часа по јадењето.
За подготовка на овие напитоци се препорачува да се користи исклучиво чиста вода за да ги почувствувате благодетите на истите.