Saturday, October 27, 2012

Пробувате да ја намалите тежината ?

Природна здрава тежина се добива само со зголемена количина на чиста, здрава вода. Водата не е само број еден составен дел на здраво тело од внатре, туку игра и водечка улога за одржување на здрав и мл
адолик изглед однадвор.

Квантитетот и квалитетот на водата што ја консумираме ја одредува способноста на нашето тело да ја менува и испушта вишокот на сало и правилно да го зачува најголемиот орган на телото, нашата кожа.
Губењето на тежината е примарно резултат од претворбите на наслагите на сало во употреблива енергија. Овој процес не бара довод на поголема количина на вода, но може да биде забрзан процесот со консумирање на огромна количина здрава, чиста вода. Водата исто го намалува апетитот природно и го помага варењето на храната.
Кога го зголемуваме внесувањето на водата се забрзува метаболизмот и му помага на телото во подобро искористување на хранливите состојки од храната и хранливите додатоци кои ги користиме, резултатот е природно и здраво намалување на тежината.

No comments:

Post a Comment