Tuesday, October 2, 2012

Да претпоставиме дека некој човек не пие доволно вода. Што се случува????

Прво, мозокот ја согледува опасноста за недостаток на вода (суша ) и почнува да го активира системот за заштеда на вода.

Тоа е всушност, намалување на количината на
 вода за снабдување на помалку важните клетки. Намалување на исврлување на водата преку потење и мокрење. Намлени се единствените начини за отстранување на отрови од организмот.

Сега организмот не само што нема доволно вода туку, има и повеќе отрови кои постојано се зголемуваат и ги напаѓаат жедните клетки. Жедни војници ставени на бојното поле, да се борат против многубројната војска од отрови. Исходот од битката е предвидлив, многу ранети клетки, разорени ткива, оштетени органи. Меѓутоа за мозокот изгубената битка, не значи и изгубена војна.

Повторно тој мобилизира нови клетки од други органи, само да ја победи војската од отрови која влегла преку храната и водата.

И повторно невини жедни клетки, оставајќи ги своите органи, се послаби и послаби, одат во неповратна битка без единственото оружје ВОДАТА. Кога би имале вода и тоа чиста, многу лесно ќе ги растворат отровите и ќе ги исфрлат надвор.

Како што ја замислуваш сликата за функционирањето на твоето тело, така си се посвесен, за потребата од ВОДА.

No comments:

Post a Comment