Wednesday, October 17, 2012

Надоместување на вода кај спортистите.

Водата континуирано се губи преку издишаниот воздух кој е заситен со водена пареа. Телото исто така губи течност низ кожата, урината и изметот, физиолошките ладења на телото, како и со потењето. Загуб
ата на телесни течности во текот на телесната активност преку потење може да биде дури и 5 литри, што е за 50 пати повисока од онаа кога одмараме. Исто така при издишаниот воздух се губи трипати повеќе вода отколку кога мируваме. 


Сите течности кои се изгубени мора да се надоместуваат. Ова е законитоста на спортистите, без која е невозможно да се постигнат резултати. Водата во телото треба да се штеди бидејќи 2,7 грама вода врзуваат 1 грам гликоген и нејзиниот надомест е неизбежен, како и преку денот така и пред, за време и по вежбање.
Секој човек содржи околу 2/3 вода во однос на неговата телесна маса, а речиси 3/4 од оваа вода се наоѓа во клетките.

Врс основа на овие податоци за секој спортист може да се пресмета количеството вода што тој го има во телото.
Спортист чија маса е 75кг има 45 литри вода во телото.
Главни потрошувачи на вода се : белите дробови - 600 мл., 400мл. - кожата, бубрезите 1300мл. и цревата 300мл.
Спортистите имаа помалку вода во организмот и затоа постојано имаат потреба од нејзино внесување.

Мускулите од телото се составени од 75 до 80 % вода. Тоа е многу важно за оптоварување на метаболизмот, процесот на дехидратација и рехидратација како и процесот на терморегулација.

За крај освен што е важно колку вода се внесува во организмот при физички активности, акцент треба да се стави и каква ВОДА се внесува. Само чистата вода дава долготрајни резултати кои освен што ќе го хидрирате организмот и ке го зајакнете вашиот имунолошки систем со тоа што многу послено ќе се ослободите од токсините внесени преку храната.

Бидете активни и конзумирајте исклучиво чиста вода. Чистата вода живот значи....

No comments:

Post a Comment